Соопштенија и новости

најнови случувања во уличиштето и околу него

Упатство (насоки и совети) за реализација на далечинско учење во средното стручно образование

Упатството за далечинско учење изработено од ЦСОО е во согласност со заклучоците, препораките и мерките од 17-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 12 март 2020 година, точка 18 втор и трет став, и заклучоците, препораките и мерките од 26-та седница одржана на 23 март 2020 година, во врска со спречување за внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, на која е донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за средното образование за реализација и организација на наставата во средните училишта, како и за начинот на оценувањето на учениците за времетраење на вонредната состојба.

Целосното упатство ќе го најдете на следниов линк http://www.mon.gov.mk/images/Upatstvo_za_dalecinsko_ucenje.pdf

Oглас за запишување ученици во прва година во учебната 2020/2021 година.

Објавен е огласот за запишување ученици во прва година во учебната 2020/2021 година.  Во Општинското средно училиште "Мирко Милески" - Кичево, за учебната 2020/2021 година ќе се запишат:

 

 

Сите написи

Демант на информација за повторно отворање на училиштата

Министерството за образование и наука ја демантира информацијата која денес е објавена во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта во Република Северна Македонија продолжуваат со работа од 18 мај 2020 година.

Информираме дека се работи за лажна информација и документ кој воопшто не е подготвен од страна на МОН и усвоен од Владата. Оваа тема не била предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови.

За сите одлуки кои институциите на системот координирано ги носат за време на вонредната состојба, јавноста е секогаш навремено информирана од страна на службите задолжени за односи со јавност.

Апелираме да не се креираат и шират лажни вести, бидејќи тоа не оди во прилог на заедничката заложба за справување со актуелната состојба и создава дополнителна вознемиреност кај граѓаните во овој исклучително тежок период за сите нас.

Извор: http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/3211-demant-na-informacija-za-povtorno-otvoranje-na-uchilishtata

Мерки и активности на Владата за справување со корона вирусот (02.04.2020)

Заклучоци на Владата на Република Северна Македонија во врска со превземените мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Мерките можете да ги погледнете на следниов линк. 

http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/3122-16

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2020/2021 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование - четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/108), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/2006, 117/2008, 148/2009, 17/2011, 24/2013; 137/2013, 41/2014, 55/2016 и 64/2018 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019 ), Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018) и Законот за Математичко-информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ бр.64/2018), запишувањето ученици во јавните средни училишта се врши по пат на Конкурс кој го објавува Министерството за образование и наука во средствата за јавно информирање по предлог на основачот.

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2019/2020 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование (природно – математичко подрачје (комбинација А), природно – математичко подрачје (комбинација Б), општествено - хуманистичко подрачје (комбинација А), општествено - хуманистичко подрачје (комбинација Б), јазично – уметничко подрачје (комбинација А), јазично – уметничко подрачје (комбинација Б), стручно образование (техничко образование - четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование, средно образование за ученици со посебни образовни потреби и гимназиско образование во Математичко – информатичка гимназија.

Конкурсот може да го преземете на следниот линк:

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

УПАТСТВО ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ НА ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОРОНАВИРУС КАЈ МАТИЧЕН ЛЕКАР

Закажувањето на земање брисеви од вчера се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар.

Матичниот лекар им поставува прашања на граѓаните и тие одговорат на десетина прашања. Согласно одговорите на епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажува на тоа дали е потребно тестирање или не и доколку е потребно кој е степенот на итност. Во оваа прилика, апелираме до граѓаните дека се должни да даваат точни податоци за епидемиолошката анкета во интерес на јавното здравје и точното приоритизирање на итноста за тестирање. Исто така апелираме да се јават само доколку имаат симптоми, да не се оптоварува системот беспотребно.

Во случај да треба да се изврши тестирање, матичниот лекар го закажува тестирањето преку “Мој Термин” на некој од пунктовите според местото на живеење на пациентот. Без закажување, не е возможно да се изврши тестирање и затоа граѓаните се предупредуваат да не одат сами на пунктовите без закажан термин.

Во закажниот термин, не треба да се оди кај матичниот лекар или да се зема некоја потврда, граѓаните треба да одат директно на пунктот за да бидат тестирани. Се истакнува дека треба да носат заштитна опрема и по можност не доаѓаат со јавен превоз.

По земањето на брисеви и соодветно испитување, за резултатите пациентите ќе бидат известени и согласно состојбата ќе биде заземен став за натамошно лекување дали на клиника, болница или во домашни услови, а во целосна  секојдневна комуникација со матичните лекари  и со сестра и доктор  од клиниката за инфективни болести.

Во функција за поддршка на граѓаните е и бесплатниот број на контакт центарот на Министерството за здравство 0800 002 03 на кој може да се добијат сите потребни дополнителни информации, како и информации за тоа како да се закаже тестирање и други препораки во однос на коронавирусот.

Извор: http://zdravstvo.gov.mk/upatstvo-za-gragjanite-za-zakazhuvanje-na-testiranje-za-koronavirus-kaj-matichen-lekar/

Мерки и активности на Владата за справување со корона вирусот

Заклучоци на Владата на Република Северна Македонија во врска со превземените мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

За да ги видите заклучоците одете на следниов линк http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/3122-16

Месечен билтен

Следете не на