Акција за садење зеленило за почист воздух за граѓаните на Кичево (галерија)

Previous Next

Во склоп на акцијата за садење зеленило за почист воздух на граѓаните на Кичево, во организација на Министерството за одбрана, а со поддршка на локалната самоуправа и двете средни училишта од Кичево - ОСУ "Мирко Милески" и ОСУ "Дрита", во училишниот двор беа засадени 85 садници. Во акцијата учествуваа војници од кичевската касарна "Чеде Филипоски - Даме", ученици од двете училишта, претставници од локалната самоуправа, како и раководителот на секторот за цивилно-воена соработка при Министерството за одбрана, Тони Петрески, и директорите на двете училишта, Милка Спасевска и Фестим Ахмети.

-Во борба против аерозагадувањето, денес во соработка со Министерството за одбрана, локалната самоуправа, двете средни училишта од градот и касарната, спроведовме акција, во која беа засадени 85 стебла јавори, зелени и сребрени елки. Акцијата се спроведува со цел да имаме почист воздух и помало аерозагадување, а во истата покрај нашиот град се вклучени и Тетово и Скопје. Пред засадување на овие стебла, вработените од ШС „Лопушник“ вчера извршија подготовка на теренот, за непречено да се спроведе денешната акција- рече Милка Спaсевска , директор на ОСУ „Мирко Милески “Кичево.

Pin It

Печати   Е-пошта