Одбележан патрониот празник на ОСУ "Мирко Милески" (галерија)

Previous Next

Традиционално, како и секоја година, на 1-ви октомври се одбележува патрониот празник на нашето училиште во чест на народниот херој Мирко Милески. И оваа година празникот беше одбележан со богата културно-уметничка и училишна програма во која учество зедоа ученици од нашето училиште кои учествуваат во училишниот хор, училишните бендови, културно-уметнички друштва, ученици од медицинската струка, ликовниот клуб, "Црвен крст", итн. На прославата учествуваа голем број ученици, професори, претставници на Сојузот на борците, Извидничкиот одред "Мирко Милески", гости од локалната самоуправа, армијата, останатите локални училишта, итн. Прославата заврши со скромен коктел во просториите на училиштето.

Pin It

Печати   Е-пошта