Посета на Измир, Турција во склоп на проектот „Еразмус+ Климатска Акција“ (Галерија)

Previous Next

Во периодот од 20 до 27 октомври во градот Измир, Турција, се реализираше првата мобилност со ученици во рамките на проектот „Еразмус+ Климатска Акција“– проект кој започна да се реализира од септември оваа година, со поддршка од Европската комисија преку Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност во Македонија. Во проектот учествуваат претставници од земјите партнери во проектот – Македонија, Германија, Италија, Чешка, Норвешка и Турција. За време на средбата се одржаа повеќе работилници и презентации. Исто така, сите учесници имаа можност да проследат традиционални танци и хорски изведби на приредбата која се одржа во дворот на училиштето со која нашите домаќини се погрижија уште еднаш да ја покажат својата гостопримливост и љубезност. Покрај работните задачи, нашите домаќини се потрудија да ни претстават и дел од својата култура, храна но и културно-историски знаменитости во градовите Сеферихисар, Сиринџе, Фоча како и античкиот град Ефес. Од средбата си заминавме исполнети со многу позитивни емоции и секако впечатоци за земјата домаќин но и за луѓето.

Pin It

Печати   Е-пошта