Учество на модната ревија "Trash fashion 2019"

Previous Next

Ученици од нашето училиште под менторство на проф. Нела Митреска учествуваа на Trash fashion 2019. Учениците од О.С.У,,Мирко Милески" се претставија со креацијата Пролетен венец изработена од материјали кои се рециклираат,а исто така учествуваа и во креативни работилници.

Trash Fashion-Macedonia, претставува натпревар наменет за средните училишта во Македонија кои се вклучени во првата и втората година од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја импелемнтира ОХO во соработка со Министерството за Образование и наука.

Целта на настанот, покрај приклучувањето кон светските напори и акции кои се спроведуваат на овој ден, е подигнување на свеста кај учениците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата и реупотребата на отпадот.

Оваа идеја претставува еден начин со кој се анимираат учениците да се вклучат во  изработка на облеки и модни додатоци, со што тие стекнуваат знаење и навики за реупотреба на материјалите.

Pin It

Печати   Е-пошта