Соопштенија и новости

најнови случувања во уличиштето и околу него

Previous Next

Акција по повод "Ден на пролетта" 2019 (Фото)

По повод 21-ви Март, денот на пролетта, во училиштето беше организирана еколошка работна акција со цел чистење на дворовите на двете училишни згради (гимназија и интернат) во која учество зедоа ученици и наставници од двете средни училишта во Кичево - ОСУ "Мирко Милески" и ОСУ "Дрита".

Учество во CISS проектот (Фото)

Учество во CISS проектот (Фото)

Ученици и наставници од ОСУ "Мирко Милески" - Кичево учествуваа на конференцијата IN-SCHOOLS, во рамките на CISS проектот, која се одржа во хотелот Континентал во Скопје. Тема на конференцијата беа човековите права, а на неа учествуваа ученици и наставници од повеќе училишта од државата.

Сите написи

Датуми за полагање на државна матура во јунска испитна сесија 2019 година

Екстерните испити од државната матура во јунска испитна сесија 2019 година ќе се реализираат во следниве термини: 

01.06.2019 – англиски јазик, француски јазик, германски јазик и руски јазик;

08.06.2019 – македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература;

11.06.2019 – хемија, физика, биологија, историја, филозофија, социологија, естетика и бизнис.

13.06.2019 – математика;

Од 17 јуни до 28 јуни- интерни испити 

Previous Next

Практична настава во JOYSON SAFETY SYSTEMS (Фото)

Во месец октомри и ноември 2018 година е изведена научно-практична работа по предметот Информатика со сите паралелки посебно од гимназиски и стручни насоки под менторство на проф. Елизабета Сајкоска. Посебна благодарност за тимот на JOYSON SAFETY SYSTEMS- Кичево

Previous Next

Поставување на фотоволтаични панели (Фото+Видео)

И во нашето училиште заврши поставувањето на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија од сончевата енергија. Станува збор за проект на Владата финансиран од Светска банка и Министерството за финансии.

Сликање за табло 2019

Сликањето за матурско табло за завршните години од учебната 2018/2019 година ќе започне во Понеделник 11.03.2019 год. во 11ч. во Медиа Студио. Сликањето започнува со класот IV1.

Previous Next

Училишна делегација во Брисел (Галерија)

Делегација од ОСУ Мирко Милески - Кичево во периодот од 22.01.2017 до 28.01 2017 учествуваше на првата ученичка активност од AIMS проектот во рамките на програмата Erasmus +, а поддршано од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, која се одржа во Брисел. Во рамките на посетата беа одржани неколку работилници на темата Лобирање во Европската Унија, а беше реализирана и посета на Европскиот Парламент каде учесниците имаа средба со пратеник од Европскиот парламент. ОСУ Мирко Милески е партнер-училиште заедно со училишта од Финска, Летонија и Белгија.

Месечен билтен

Следете не на