Соопштенија и новости

најнови случувања во уличиштето и околу него

Previous Next

Акција за садење зеленило за почист воздух за граѓаните на Кичево (галерија)

Во склоп на акцијата за садење зеленило за почист воздух на граѓаните на Кичево, во организација на Министерството за одбрана, а со поддршка на локалната самоуправа и двете средни училишта од Кичево - ОСУ "Мирко Милески" и ОСУ "Дрита", во училишниот двор беа засадени 85 садници. Во акцијата учествуваа војници од кичевската касарна "Чеде Филипоски - Даме", ученици од двете училишта, претставници од локалната самоуправа, како и раководителот на секторот за цивилно-воена соработка при Министерството за одбрана, Тони Петрески, и директорите на двете училишта, Милка Спасевска и Фестим Ахмети.

-Во борба против аерозагадувањето, денес во соработка со Министерството за одбрана, локалната самоуправа, двете средни училишта од градот и касарната, спроведовме акција, во која беа засадени 85 стебла јавори, зелени и сребрени елки. Акцијата се спроведува со цел да имаме почист воздух и помало аерозагадување, а во истата покрај нашиот град се вклучени и Тетово и Скопје. Пред засадување на овие стебла, вработените од ШС „Лопушник“ вчера извршија подготовка на теренот, за непречено да се спроведе денешната акција- рече Милка Спaсевска , директор на ОСУ „Мирко Милески “Кичево.

Промотивен спот за ОСУ "Мирко Милески"

Промотивен спот за ОСУ "Мирко Милески"

Во продолжение погледнете го промотивниот спот за ОСУ "Мирко Милески" - Кичево изработен од ученици во нашето училиште.

Сите написи

Прво место за најдобра реклама на Образовното рандеву

Прво место за најдобра реклама на Образовното рандеву

ОСУ "Мирко Милески" го освои првото место во категоријата Најдобар рекламен спот на неодамна одржаното МАССУМ средношколско Образовно рандеву на кое учествуваа 46 средни училишта од целата држава. Рекламата ја изработија учениците Емилија Сарафилоска, Ангела Илиоска, Ивана Лазаревска и Горјан Билески под менторство на проф. Горан Наумоски. Рекламата погледнете ја во продолжение.

Previous Next

МАССУМ Образовно рандеву - Кичево 2019 - Прв ден (Галерија)

Во тек е првиот такмичарски дел од МАССУМ  Образовно рандеву - Кичево 2019 чиј домаќин е ОСУ "Мирко Милески" - Кичево. На натпреварите учествуваат 46 средни училишта од целата држава.

Previous Next

Завршни подготовки пред почетокот на Образовното рандеву (фото)

Во ОСУ "Мирко Милески" се во тек завршните подготовки пред одржувањето на МАССУМ - Образовното рандеву Кичево 2019 чии домаќини сме ние. Образовното рандеву ќе се одржи на 12-ти и 13-ти Април со почеток од 11 ч. во просториите на ОСУ "Мирко Милески" и ОУ "д-р Владимир Полежиноски". Повелете.

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2019/2020 год.

ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „МИРКО МИЛЕСКИ“

Во прва година ќе се запишат 476 ученици во 14 паралелки (408 ученици во 12 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на турски јазик) според наставните планови и програми за:

Гимназиско образование – 238 ученици,7 паралелки, 60 минимум поени

 

мак

204

уч.

6 пар.

4

г.тр.

60

минимум поени

 

тур

34

уч.

1 пар.

4

г.тр.

60

минимум поени

Машинска струка - 68 ученици, 2 паралелки

- машинско -енергетски техничар

мак

34 уч.

1 пар.

4г.тр.

45минимум поени

- инсталатер за греење и   климатизација

мак

34 уч.

1 пар.

   3 г.тр.

30минимум поени

Економско - правна и трговска струка - 34 ученици, 1 паралелка

- економски техничар

мак

34 уч.

1 пар.

4 г.тр.

60 минимум поени

Здравствена струка - 34 ученици, 1 паралелка

- медицинска сестра

мак

34 уч.

1 пар.

4 г.тр.

     70 минимум поени

Електротехничка струка - 68 ученици, 2 паралелки

- електротехничар за компјутерска техника и автоматика

мак

34 уч.

1 пар.

4г.тр.

55 минимум поени

- електротехничар за компјутерска техника и автоматика

тур

34 уч.

1 пар.

4г.тр.

55 минимум поени

Хемиско - технолошка струка – 34 ученици, 1паралелка

-хемиски лабораториски техничар

мак

34

уч.

1 пар.

   4 г.тр.

45 минимум поени

Прво место на регионалниот натпревар по Хемија

На регионалниот натпревар по Хемија кој се одржа на 05.04.2019 год. во просториите на Колеџот "Јахја Кемал" во Тетово, а во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, нашата ученичка Цветанка Билбилоска од I-3 клас, под менторство на проф. Роза Мирческа, го освои првото место, а на државно ниво според бројот на освоени поени го завзеде третото место. 

На натпреварот учествуваа ученици од Регион 3, односно училишта од охридскиот, струшкиот, дебарскиот, кичевскиот, гостиварскиот и тетовскиот регион.

Previous Next

Учество на Robomac Junior

На Факултетот за електротехника и информатички технологии - ФЕИТ по прв пат се одржа натпеварот Robomac Junior за средношколци кој траеше 3 дена од 20-ти до 23-ти Март. Ученикот од нашето училиште Петар Попоски од класот IV-4 учествувашена овој натпревар, и како сите учесници имаше задача да напише програма која ќе го придвижи роботот eduRobot на Atronika. 

Месечен билтен

Следете не на