Добредојдовте во
ОСУ "Мирко Милески"

ОСУ "Мирко Милески" - Кичево е јавна-воспитно образовна установа која со своите активности им овозможува на учениците квалитетно знаење, развој, вештина, критичност, самостојност и одговорност.

Директор

Милка Спасевска
дипл. проф. по Македонски јазик

Визија и мисија

Обликување на поволна средина за учење, динамична соработка со други училишта на слични програми за развој на учениците која вклучува размена на човечки ресурси (наставници и ученици), работа со надарени деца, поттикнување на соработка со високообразовни институции кои се наоѓаат во околната животна средина.

Настава

Училиштето располага со спортска сала, отворени игралишта за фудбал и кошарка, како и две машински работилници. Училиштето има на располагање 24 училници, од кои во 21 може да се изведува класична настава.
0
ученици
0
наставници
0
паралелки

Стратегија за развој

Зајакнување на превентивната улога на училиштата во социјално неприфатливото однесување, поттикнување на отворена комуникација со семејствата на учениците, локалната заедница и некои други партнери.

Зошто да не изберете нас

Училиштето работи на проширување на наставната програма со изборни и факултативни содржини во зависност од интересите на учениците, развивање на навика на доживотно учење, обезбедување на квалитетно образование и грижа за континуирано учење и напредок на учениците.

Единствено средно училиште на македонски и турски јазик во Општина Кичево

Бесплатно школување

Пристапност

Бесплатен превоз

Квалитетно образование